Погребан Шабан Шаулиќ (ФОТО)

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ погребан е денеска во 15 часот на новите гробишта во Белград, во Алејата на заслужните граѓани.
Шаулиќ на вечното почивалиште го испратија семејството, колегите, бројни спортисти и политичари, како и илјадници негови обожаватели.

По погребот, на собраните им се обратил неговиот син, Михајло Шаулиќ.

Мојот татко денеска не отиде. Додека неговата музика живее и додека се присeтуваме на него и неговата душа ќе живее со нас. Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа. Ви благодарам на сите и нека му е вечна славата – кажал михајло.

Гордана Шаулиќ одлучи својот сопруг да го испрати со стиховите од песната „Не плачи душо“, која тој и’ ја посветил во 1984 година, кога среде ноќ дошол пијан дома заедно со пријателите.

Шаулиќ пред само четири месеци открил како била создадена оваа песна.

Едно утро дојдов дома со екипа од доста пијани другари. Гоца ме нападна зошто влетавме како „Индијанци“. Ме праша што правам и сè ми изназборува, рече Шаулиќ во последното гостување во емисијата „Балканска улица“.

Свесен дека е виновен, тој се сетил како ќе ја смири бесната сопруга, па во свој манир ѝ ја испеал оваа песна која ја смислил во тој момент.