Погребани жртвите на зетот – убиец, во Кавадарци ден на жалост

Кавадарчани денеска се простија од тројцата убиени сограѓани, кои ги уби нивниот поранешен зет ,Тони Станоев. Двете ќерки на убиените Илија и жена му Билјана, кои допатуваа од САД се скршени од тага.

Во Кавадарци денеска државното знаме е спуштено на половина копје, а пред Домот на културата има фотографии на тројцата убиени, меѓу кои и ќерката на Леови, 33-годишната Снежана.

Тројцата беа убиени во неделата, во семејниот дом. Час по тројното убиство, тој избега, а беше по два дена откриен и уапсен на градските гробишта во Кавадарци. По наредба на јавниот обвинител тој од вчера е во 30-дневен притвор во затворот „Скопје“.