Погребот на Нелсон Мендела на 15-ти декември

Посмртните останки на Нелсон Мендела се пренесени од неговиот дом во Јоханесбург во воената болница во Преторија. Претседателот Џејкоб Дума соопшти дека погребот ќе биде извршен на 15-ти декември.

Зума вели дека легендарниот борец против апартхејдот, добитник на Нобелова награда за мир и некогашен претседател на Јужноафричката Република ќе биде погребан на 15-ти декември, а дека земјата ќе биде во жалост за него седум дена, но ќе го слави и неговиот живот.

Зума истакна дека Мендела ќе биде погребан со сите државни почести.

Во Јужна Африка синоќа е објавена национална жалост и во целата држава, знамињата ќе бидат на пола копје до денот на погребот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.