Погрешната стратегијата на Филипче за корона кризата го урна здравствениот систем

За три брана на корона немавме никакви соодветни мерки. Сведочевме на лоша организација, лош менаџмент на целата корона криза со која се соочуваме повеќе од година и половина. Тоа се случува и сега во овој четврти бран. И на сето ова се случи и горењето на модуларната болница во Тетово и жртвите таму, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа говорејќи за последиците од корона кризата, како и за последниот случај во Тетово каде изгоре модуларната болница.

„И сега наместо одговорност за случувањето во Тетово ние сведочиме на пиар. Министер кој игра во пиар орото и не се спротивставува на истите“, рече Николов.

Според него по случувањето во Тетово каде изгоре модуларната болница мора да се направи нешто реално, да се преземат мерки.

„Наместо мерки по случувањето во Тетово ние гледаме игри. А потребно е само да се работи, а ако има грешки да се одговара. На пример треба транспарентност во работата за да се знае кој згрешил. Треба одговорност на пример и зошто доцнеа вакцините, Комисијата за заразни болести треба да објави какви препораки дава за да видиме кој е одговорен претседателот на Комисјата или министерот“, посочи Николов.

Доктор Николов посочува дека случајот со модуларната болница покажува повторно само префлање на одговорност.

„Претходно исто дебатиравме кој е одговорен Комисијата за заразни болести или министерот и сега пак е исто кој бил одговорен за доводот на кислород во модуларната болницаи слично“, вели Николов.

Тоа што се случувало во модуларната болница во Тетово, за жал се случува и во Струмица, во Гостивар, во Охрид, во Гевгелија.

„Јас често кажувам дека во повеќето болници не само во Тетово и во Гостивар, туку низ целата територија на Македонија за жал не се исполнуваат ниту минималните услови за лекување на тешко болни пациенти. И претпоставувам дека тоа што се случувало во Тетово, се случува и во Струмица, во Гостивар, во Охрид, во Гевгелија, така да пациентите најчесто велам самите пациенти го знаат тоа, и знаат дека во тие болници циркулираат слободно луѓе без да се припазат на минимални стандарди и услови кои што се предвидуваат во време на пандемија“, истакна Арбен Таравари во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.

Таравари додаде дека по една недела од случувањата во Тетово се е дефокусирано, замислете тема е сега дали ќе се прифати оставката или не. А, оставката треба да биде морален чин која што ја дава некој функционер во одредена ситуација кога е сигурен дека има грижа на совест. И поради тие оставки не се зборува што се случи во Тетово, како се случи, како да им се помогне на семејствата, како да се врати довербата на луѓето во болниците и во другите здравствени установи.

„Оставка е морален чин, и не треба тоа да се дискутира, и треба оставката ако е дадена да се прифати и да се продолжи напред’, рече Таравари.

Таравари посочи дека има за жал 14 починати пациенти, тоа се 14 трагедии, 14 семејства завиени во црно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.