Погрешните економски политики на Заев и Анѓушев испливуваат на површината

Погрешните економски политики на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓнушев излегуваат на површинал со континуираниот пад на бројот на работници и продуктивноста во индустријата, оцени во петокот Комисијата за економија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што ден претходно објави Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во септември годинава во однос на септември минатата 2018-та е намален за 1,6 отсто, а во првите девет месеци од 2019 година споредено со истиот период лани за 1,3 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на септември минатата година, бележи пад од 3,6 проценти, во преработувачка индустрија од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во септември годинава во однос на септември лани бележи пораст кај капитални производи за 6,9 проценти, а опаѓање кај енергија за 1,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 1,7 проценти, трајни производи за широка потрошувачка.

Наспроти владините тврдења дека нивните економски политики креираат нови работни места и тоа во приватниот сектор, податоците за трендот на вработените во индустријата го говорат спротивното. Имено, соглсно најновите податоци на Државниот завод за статистика бројот на работници во индустријата во септември 2019 година во однос на истиот месец лани се намалил за 1.6%, додека за периодот јануари – септември 2019 година во однос на истиот период минатата година се намалил за 1.3%.
Ова е потврда дека скапо платените активните мерки за вработување како една од клучните политики на оваа Влада се целосно погрешни и неодржливи.

Дополнително, сведоци сме на драстичен пад на продуктивноста во преработувачката индустрија во целиот период додека СДСМ е на власт што директно се рефлектира врз развојниот потенцијал на овој сектор и конкурентноста на целата економија.

Ова е исто така потврда дека економските политики на оваа Влада предводена од двоецот Заев-Анѓушев не придонесуваат за развој на индустријата како клучен столб на економијата, стои во Фејсбук статусот на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.