Појаснување за регулирање на статусот на исклучените од парно

Снабдување со топлинска енергија Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје е друштво кое врши регулирана енергетска дејност снабдување со топлинска енергија, за што поседува лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Во таа насока, согласно обврските од лиценцата, сакаме да потенцираме дека сите наши активности се одвиваат согласно важечките законски и подзаконски акти.

Имено, во новите Правила за Снабдување (член 54), доносителот на подзаконскиот акт РКЕ децидно предвидел дека „сопственикот на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, кој живее или го користи објектот и е исклучен од системот за централно греење, е обврзан тоа да го докаже со приложување на валиден документ (лична карта и имотен лист) после што нема обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. Сопственикот кој не живее или не го користи посебниот дел за деловни потреби, има обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност, согласно тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.“

Сакаме да истакнеме дека во согласност со новите Правила за Снабдување со топлинска енергија (Службен весник бр.65/19), почнувајќи од 1-ви април 2019, исклучените потрошувачи во наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи го остваруваат правото да добијат статус на исклучен потрошувач кој нема да има обврска за плаќање на месечен надоместок за ангажирана топлинска моќност. Имено, се примаат сите барања на потрошувачите кои ќе пополнат формулар изготвен од снабдувачот и одобрен од РКЕ и ќе ги приложат предвидените валидни документи (копија од имотен лист не постар од 30 дена и лична карта на увид) согласно регулативата.

За сите останати специфични ситуации (издавање под закуп, договор за издршка, договор за дар и други) кои не се опфатени во Правилата за Снабдување, потрошувачите се обраќаат со барање до доносителот на подзаконскиот акт, Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги.