Показатели кои откриваат дека сте имале секс

Кога жената ќе доживее вагинален оргазам, тој и дава малку слобода но и енергија во нејзиниот чекор.Доживувањето на вагиналните оргазми предизвикува жената да оди поразлично. Чекорот и се продолжува и притоа доаѓа до поголема ротација на карлицата. Во едно европско истражување, обучените сексолози ги набљудувале чекорите на жените по доживеан оргазам, така што во 81 отсто од случаите погодиле точно.Еве по што друго можат да ве откријат дека сте имале секс:

Сјај

Постојат научни докази зошто постануваме црвени во образите по сексот. Тоа се случува поради големиот проток на крв, но уживањето во сексот создава аура на смирeност која изгледа како да лебди околу нас. Затоа не ретко коментарите на луѓето се „ти просто сјаeш.“

Мокра точка

Да грзоно е, но семената течност може да истече од вагината и да се појави во вид на мокра точка на вашата гардероба. Тоа е само еден не така среќен нус производ на сексот, барем ако не користите кондом, а вашиот партнер ејакулира во вас. И тоа не е добар начин некој да ве открие дека сте имале секс. Носењето дневни влошки може да ја спречи оваа непријатност.

Опуштен став

По сексуалниот однос порастот на ендрофин може да ви даде нова, свежа перспектива во врска со непријатностите во секојдневниот живот. Благодарејќи на раното утринско изненадување и гимнастиката во кревет, ништо нема да може да ви го расипе расположението тој ден.