Покетино е новиот менаџер на Тотенхем

Младиот аргентински стручњак, Маурисио Покетино, прво поднесе оставка на функцијата менаџер на Саутемптон, а неколку часа подоцна и официјално беше именуван за нов предводник на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

„Прво сакам јавно да им се заблагодарам на раководните лица на Саутемптон, на фудбалерите и на најверните фанови за дадената подршка која ја добив јас и моите фудбалери во изминатите 18 месеци. Никогаш нема да го заборавам ова фантастично патешествие, оваа прекрасна авантура. Стекнав големо искуство во изминатите 18 месеци. Никогаш нема да го заборавам периодот кој го поминав на “Ст. Мери”. На сите ви посакувам голем успех во блиската и далечната иднина. Се надевам дека Саутемптон ќе продолжи да чекори по победничката патека, дека ќе продолжи од таму каде што јас застанав”, изјави Покетино кој веќе го потпиша понудениот 5-годишен договор.