Покетино (не)заинтересиран за понудата на Тотенхем

Актуелниот менаџер на Саутемптон, Маурицио Покетино, не даде конкретен одговор на прашањето дали и во новата сезона ќе биде предводник на популарните “светци” или ќе прифати една од неколкуте понуди кои веќе пристигнаа на неговата адреса.

Поранешниот фудбалер на шпанскиот прволигаш Еспањол важи за најголема желба на сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви.

„Јас не сум тој кој може да зборува за договорот кој го имам со Саутемптон. Исто така јас не сакам да зборувам за мојата ситуација во клубот, за мојот договор. Тоа е лична работа. Целосно сум фокусиран на менаџерската функција, сакам да бидам добар менаџер, мојот тим да биде успешен. Му мислам само добро на овој клуб. Целосно сум фокусиран на англиската Премиер лига. Знам дека постојано се шпекулира, дека сите зборуваат за мојата иднина, за иднината на моите фудбалери. Одговор на сите овие прашања ќе добиете откако ќе заврши актуелната сезона”, изјави Покетино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.