Покетино потпиша договор со ПСЖ

64

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино потпиша договор со ПСЖ, објави на Твитер новинарот на „Sky Sports“ Фабрицио Романо.

Четириесет и осумгодишниот фудбалски стручњак ќе го замени Томас Тухел, кој е разрешен од тренерската функција. За предвремено раскинување на договорот, Германецот ќе добие шест милиони евра.

За потсетување, Покетино го напушти Тотенхем во ноември 2019 година. Заедно со тимот од Лондон, тој се пласираше во финалето во Лигата на шампионите 2018/19, каде загуби од Ливерпул (0:2).

ПСЖ е трет во поредокот на францускиот шампионат. Во Лигата на шампионите, парижаните како први во групата се пласираа во осминафиналето, каде ќе играат против Барселона. (

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.