Покетино сè уште е во таен контакт со Манчестер јунајтед

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, останува заинтересиран да работи во Манчестер јунајтед. Според „Le Parisien“, Аргентинецот се уште е во таен контакт со Јунајтед во случај да може да го напушти Пари Сен-Жермен на лето. Негов главен конкурент е тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.

Да потсетиме, по оставката на Оле Гунар Солскјер од тренерската функција, Покетино сакаше да го предводи Манчестер јунајтед, но ПСЖ не го пушти. Ралф Рангник стана привремен тренер на премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

Неодамна беше објавено дека интересот на Манчестер јунајтед за Покетино се намали, а фаворит за тренерската функција стана Тен Хаг.

Вчера имаше информации за нарушена атмосфера во соблекувалната на ПСЖ. Беше објавено дека некои од фудбалерите не се согласуваат со методите на Покетино, а нивните сомнежи пред да играат со Реал Мадрид во Лигата на шампионите растат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.