Покраината Хубеи ги укинува ограничувањата за патувања, освен за Вухан

Здравствената комисија на централната кинеска покраина Губеи во вторникот објави дека ќе ги укине сите ограничувања за доаѓањата и заминувањаа од покраината, почнувајќи од средата 25-ти март, со исклучок на главниот покраински град Вухан, кој се смета за извро на пандемијата на новиот сој коронавирус.

За Вухан сите ограничувања ќе важат до 8-ми април, кога ќе биде укината сегашната забрана за заминувања од градот под услов лицата да бидат прогласени за здрави, се наведува во соопштението на комисијата. Вухан во изолација е уште од 23-те јануари,

Кинеските здравствњени власти известија во вторникот за 78 нови случаи на заразени со Covid-19, најголем број инфицирани од странство, при што се појавија стравувања од втор бран инфекции.

Првиот нов случај во речиси една седмица беше, исто така, пријавен во Вухан, епицентарот каде вирусот се појави кон крајот на ланскиот декември,  заедно со три други локални инфекции на друго место во земјата.

Починаа уште седум лица, соопшти Националната здравствена комисија, сите во Вухан.