Покрај зголемувањето на даноците, ќе поскапува и струјата

Законот за енергетика да биде меѓу приоритетните, препорача Владата на седницата од вторникот, а овој закон повеќепати беше одложуван од претходната влада, токму со цел да спречуви поскапувањето цената на електричната енергија, којашто во земјата се уште е социјална категорија, а исто така има одраз и врз домашната индустрија.

По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година.

Со новиот закон се предвидува либерализација на електричната енергија, што значи струјата ќе се обезбедува до крајните потрошувачи на слободен пазар.

Според експертите, овој чекор неминовни, имајќи ги предвид сегашните параметри, ќе доведе до згоемување на цената на електричната енергија, бидејќи Владата ќе го загуби инструментот за регулирање на цената на струјата.

Овој закон повеќепати беше одложуван од минатата влада, токму со цел спречување на поскапување на струјата.

Ова беше една од иницијативите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој освен тоа што е потпретседател на Владата, исто така е и еден од најголемите трговци на струја. Останува отворено прашањето дали ова ќе значи повеќе пари за Анѓушев, а помалку пари за граѓаните?

Владата информираше дека законот бил усвоен на владина комисија и набрзо ќе биде усвоен од Владата.