Покренато обвинение против дадилката од Ѓорче

Обвинение денес е поднесено против дадилката од Ѓорче Петров која го тепаше и малтретираше деветмесеното бебе доверено на чување од страна на неговите родители.

Кривична пријава беше поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството поведе постапка против дадилката ангажирана од родителите на деветмесечното малтретирано дете, соопштува обвинителство.о

„Донесеното Обвинение се заснова на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката –притвор за осомничената“, стои во соопштението.