Пол-позиција за Ботас во Имола

Валтери Ботас заработи пол позиција за утрешната трка за Големата Награда на Емилија Ромања, откако со летечки финиш запиша најдобро време на квалификациите во Имола.

Иако веќе беше видена ново прво место за Луис Хамилтон, Ботас по истекот на времето запиша време подобро за една десетинка и заработи пол-позиција, со што вети интересна трка.

Зад нив, речиси стандардно се пласираше Макс Верстапен од Ред Бул, кој беше недопирлив за останатите возачи, ама и немаше шанси да ги стигне мерцедесите. Пјер Гасли заврши четврти и одново најави дека е една од сензациите на сезоната, додека во топ десет се пласираа Рикиардо, Албон, Леклер, Квијат, Норис и Саинц.

Трката за Големата Награда на Емилија Ромања ќе се вози утре со почеток од 13:10 часот.

За Валтери Ботас ова е 15-та „пол позиција“ во кариерата, а до неа дојде со десетинак секунда побрзо време од клупскиот колега Британецот Луси Хамилтон, актуелен шампион и моментно водечки во генералниот пласман.

На возачите на Мерцедес, кои победија во сите квалификации сезонава, во недела ќе им биде потребно и само четврто место за германскиот тим рекордна седма година по ред да стане првак.