Пол Сајмон ги продаде песните на „Sony Music Publishing“

Легендарниот американски музичар Пол Сајмон го продал целиот свој каталог песни на „Sony Music Publishing“, придружувајќи се на низата повозрасни музичари кои ги претвараат во капитал своето животно тело.

Од „Sony Music Publishing“ соопштија во средата дека договорот ги вклучува класиците од „Bridge Over Troubled Water“ до „Still Crazy After All These Years“ коишто Сајмон ги напишал и снимал во текот на својата шеесетгодишната кариера.

Вредноста на зделката не е објавена.

Седумдесет идеветгодишниот Сајмон, шеснаесеткратен добитнк на престижната музичка награда Греми, кој во 2018 година објави дека се повлекува од турнеите, во писмена изјава за медиумите наведе дека е задоволен што „Sony Music Publishing“ ќе биде чувар на неговите песни во наредните децении.

Станува збор за последната во низата зделки со кои правата на своите дела во изминатата година ги продадоа музичарите како Боб Дилан, Стиви Никс, Нил Јанг и Керол Бајер Сагер. Дилан, на пример, во декември 2020-та го продаде својот каталог со над 600 песни на компанијата „Universal Music Group“ за 300 милиони американски долари.

Сајмон кариерата започна уште кон крајот 1950-те години како фолк пејач заедно со пријателот од детството Арт Гарфанкел. Дуетот пред разијдувањата објави низа хитови од 1960-те години, како што се „Mrs Robinson“, „The Sound of Silence“ и „The Boxer“. Сајмон во подоцнежната соло кариера продолжи да издава хит албуми и хитови како што се „50 Ways to Lose Your Lover“ и „Graceland“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.