Полемики во Шпанија за предлогот за боледување поради болна менструација

Доколку шпанската левичарска влада успее да ја внесе во законот можноста за одедење на боледувае поради болна менструации, ќе биде тоа првиот ваков случај во Европа, а предлогот поттикна жестока полемика во самата влада и меѓу синдикатите.

Мерката би можела да се најде во нацрт-законот за абортус кој треба да го зацврсти правото на прекинување на бременоста и репродуктивното право, а кој во вторник би требало да биде прифатено на министерскиот совет.

„Ќе го признаеме во законот правото на жените коишто имаат болни менструации на посебно отсуство од работа кој од првиот ден ќе го финансира државата“, објави на Twitter во петокот попладнето министерката за рамноправност Ирене Монтеро, една од челниците на радикалната левичарска партија Заедно можеме (Unidas Podemos), помалиот партнер во владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката партија на Шпанија (PSOE).

Меѓутоа, сѐ уште не е познато дали разговорите во владата навистина овозможиле Unidas Podemos и социјалистичките министри со економски портфели да се договорат за прецизниот ефект од овој предлог.

Шпанија важеше како земја којашто има привремена верзија на нацрт-законото којашто ја подготвило министерството за рамноправност, со која жените месечно би добивале три дена боледување, со можност за продолжување за уште два дена во случај на тешки симптоми, за што мора да добијат лекарска потврда.

„Важно е да се разјасни што е тоа болна менструација: не зборуваме за лесна непријатност, туку за тешки симптоми, како што се пролив, актуни главоболки и зголемена температура“, изјави на почетокот од април државната секретарка за рамноправност Анхела Родригез, исто така, од Unidas Podemos.