Полицајци нападнати во тетовско

1633

Во понеделникот вечерта повеќе лица во угостителски објект во тетовско физички нападнале полициски службеници кои интервенирале во согласност со уредбата за работата на утестителските објекти во време на епидемија, но по партиски ургенции овој инцидент е „избришан“, извесуваат извори на НетПрес.

Инцидентот, според истите извори, се случил тетовското село Желино, во доцните вечерни часови, и покрај тоа што се на сила епидемиолошко-здравствените мерки кои ги донесе неодамна владата според кои работното време на сите угостителски објекти завршува во 21 часот.

Вообичаените мерки при вакви ситуации налагаат да се приведат веднаш лицата кои учествувале во напад на службено лице.

Но по интервенцијата на полициските службеници, дошло до тепачка меѓу гостите во локалот и полицајците. По пресметката лицата биле приведени и дадени на понатамошна постапка пред Јавното обвинителство, нo пуштени се по телефонски повици од политички фунцкионери на СДСМ од Скопје и од Тетово.

Овој настан не е внесен и во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, а на натепаните полицајци им е кажано да молчат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.