Полицајци нападните со сеќири во Кочани кога скале да стиштат гласна музика

Три лица, од Кочани и од селото Пантелеј, ноќеска на полноќ нападнале полицајци кои дошле да интервенираат по пријава за гласна музика. Настанот се случил во дворот на осомничениот Б. А.(25) на улица Генерал Апостолски-Гочо во Кочани.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, осомничениот Б. А, физички ги нападнал полицајците кои дошле кај него додека трештела музика. Во исто време, гостите М. Г. (21) и А. Г. (20) од селото Пантелеј, земале секири и тргнале врз полициските службеници заканувајќи им се по животот.

Тројцата напаѓачи биле совладани и уапсени, а нивната журка прекината некаде по полноќ.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Напад на полициски службеници се смета за потешко кривично дело за кое Обвинителството во принцип бара мерка притвор.