Полицаец е петата жртва по упадот на приврзаниците на Трамп во Конгресот

Припадник на конгресната полиција им подлегна на повредите здобиени во завчерашниот упад на приврзаниците на Доналд Трамп во Капитол. Тој е петтата жртва на нередите кои имаа за цел да се спречи формалното прогласување на Џо Бајден за нов претседател на САД.

Брајан Сикник бил дел од конгресната полиција од 2008 година и во последно време служел во одредот за итно интервенирање.

Полицаецот Сикник реагирал на насилствата и бил повреден кога физички се соочил со демонстрантите“, соопшти полицијата.

Во нередите починаа и четворица демонстранти, при што само за една од жртвите, 35-годишната Ешли Бабит, е потврдено дека е убиена од полицијата. Властите го објавија и идентитетот на останатите три жртви, кои биле на возраст од 34 до 55 години.

Уште 14 полицајци се повредени во нередите.