Полицаец кривично пријавен за предупредување скопјанец дека е барaн по потерница

20

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицето Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција , поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“, по чл 353 ст.1 од Кривичниот законик.

-Имено, пријавениот според наодите на Одделот за внатрешна контрола при МВР на 23.04 годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил истите, така што со намера да прибави корист за лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата, информираат од МВР.

Покрај ова од страна на Одделот поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е донесување на решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.