Полицаец меѓу разбојниците што ја испразнија поштата во Буковиќ

Полицијата го расчистила грабежот на поштата во скопско Буковиќ, од каде беа украдени милион денари.Меѓу групата која брои 4-5 лица е и еден полицаец.

Според полицијата, двајца разбојници влегле во поштата по пленот, додека другите чекале со два автомобили за да избегаат со парите. Откако си ги земале парите, разбојниците ги запалиле вреќите.

Во моментот на грабежот кој се случи минатата недела, во поштата имало тројца вработени и еден пензионер. Вооружените крадци со пиштол и калашников ги побарале парите и одзеле 1 милион денари. Парите биле наменети за јунската пензија за пензионерите од селото Буковиќ и околината.