Полицаец нападнат во струшко

На 15.07.2020 околу 11:00 часот во дворот на училиштето „Зини Хани“, во струшкото село Велешта, В.Ќ.(31) и А.Ќ.(28), двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир.

Тие најпрво упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори.

По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.