Полицаец нападнат за време на вчерашните протести

Полицаец бил нападнат вчера од страна на непознато машко лице додека преземал дејствија за обезбедување на протест на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Како што информира МВР, лицето, кое било учесник на протестот, го удрило полицаецот со тупаница во пределот на главата, а од страна на доктор од ГОБ „8 Септември“ му била констатирана телесна повреда.