Полицаец провоцира на протест во Охрид: Оставете колеги, нека ве нападнат! (ВИДЕО)

На граѓански протест во Охрид, насочен против политиките на атуелната власт, полициските службеници наместо да го одржуваат редот, тие напротив упатуват провокации кон демонстрантите.

Иако свесно поттикнуваа немири и можна ескалација на ситуација карактеристична за вакви настани, сепак поради присебноста на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Охрид, Сашо Донев, не се случија непосакувани дејствија.

Во видеото подолу може да се види полициски службеник како се обидува да им каже на колегите да создадат услови да се случат немири, велејќи: „Оставете колеги, нека ве нападнат!

На ова претседателот Донев им вели да престанат со провокациите кон граѓаните, прашувајќи ги полицајците: А, кого да нападнат, вас?