Полицаец ранет при вежба на полигонот Пенуш

На полицискиот полигон во Пенуш, штипско, вчера во 12.05 часот, при боево гаѓање од припадници на Министерството за внатрешни работи, со повреди се здобил полициски службеник, на кого му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип.

Случајот се расчистува, информираат од МВР.