Полицаец со пиштол му се заканувал на месар

Полицаец во цивил извадил пиштол и му се заканувал на месар незадоволен од услугата, вчера во Скопје.
Според полицијата, инцидентот се случил околу пладне во месарница на улицата Самарџиска во Чаир.

Тогаш влегле две лица кои сакале да купат месо. Месарот Б.Ќ.(37) им понудил од асортиманот, но мушетриите незадоволни од услугата почнале вербална расправија. Во еден момент едно од лицата извадило службена легитимација од МВР и пиштол и му се заканувал на месарот.
Тој го пријавил случајот во полиција, по што било утврдено дека станува збор за В.А.(29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66).

Се работи на целосно расчистување на случајот, а веднаш е известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.