Полицаец тешко повредил охриѓанец при апсење

Охриѓанец се здобил со тешки повреди на раката кои му ги нанел полициски службеник додека го апсел.

-Вчера во 14:00 часот во СВР Охрид бил приведен 53-годишниот С.Д. од Охрид поради постоење сомнение за неовластено снимање и омаловажување на полициски службеници кои преземале службени дејствија во близина на охридското село Подмолје. Истиот ден околу 19:00 часот во Полициската станица Охрид, С.Д. пријавил дека при приведувањето полицискиот службеник му нанел тешки телесни повреди на десната рака, констатирани во Општата болница во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.