Маж вооружен со нож убил четиримина луѓе во седиштетот на полицијата во Париз, потврди француското Министерство за внатрешни работи.
Напаѓачот, чиј идентитет засега не се открива, бил вработен во полициската станица каде го извршил убиството. Тој бил смртно застрелан од полицијата.
Крвопролевањето се случило во центарот на Париз а сите приоди кон седиштетото на полциијата биле блокирани по инцидентот.
Според информациите на француските медиуми, убиени се три мажи и една жена.
Шокантното убиство се случило околу 13 часот по локално време. Напаѓачот влегол во полициската станица и својата канцеларија каде го извадил ножот и почнал да ги прободува (боде) присутните колеги. Во хаосот што настанал , голем број луѓе во паника истрчале надвор од полициската станица.
„Имаше паника, но ние ги познаваме нашите колеги многу добро и кога тие ќе ни кажат дека мора да излеземе, ние ги следиме наредбите, затоа што тоа е за наше добро и за сите останати граѓани. Точно е дека е многу страшно затоа што е насилно“, изјави Ева Виело, вработена во администрацијата на полицското седиште.
Инцидентот завршил откако напаѓачот бил смртно застрелан од полицајците.
Мотивот за крвавиот напад засега не е познат.
Напаѓачот бил на 20 годишна возраст и работел во одделението за разузнавање. Тој досега немал направено никаков инцидент.
Претседателот Макрон, но и премиерот, министерот за внатрешни работи и јавниот обвинител на Париз, денеска се појавиле во седиштетот на полицијата, во знак на солидарност со полицајците и останатите вработени.
Убиството кое ја вознемири цела Франција, се случи еден ден откако илјадници полицајци маршираа во главниот град на државата , незадоволни од ниските плати, долгото работно време и растечкиот број самоубиства меѓу припадниците на безбедносните сили