Полицаец убиен во американски Кливленд

Полицаец бил убиен во пукање во Кливленд, во американската сојузна држава Охајо, соопшти во петокот градската полиција на својот акаунт на Twitter.

„На 3-ти септември околу 22 часот, офицер на полицијата на Кливлент беше застрелан при извршување на своите службени задачли“, се наведува во соопштението бед други поединости.

Во моментов полицијата води истрага за инцидентот и трага по осомничениот, кој сѐ уште не е идентификуван. Според информациите на локалниот телевизиски канал WKBN, во пукањето бил убиен уште еден маж.

Во прилогот на другата локлна телевизија News 5 Cleveland посочува дека полицаецот бил пренесен во болница, каде што починал од повредите. Другото лице, пак, починало на самото место, но оти не станува збор за мажот кој пукал.

Според началникот на полицијата на Кливленд, Калвин Вилијамс, починатиот полицаец 53-годишниот Џејмс Скерневитц би искусен офицер и во органите за спроведување на законот служел околу 25 години.