Полицаец влета во велигденска поворка во Нигерија, 11 мртви

Најмалку 11 луѓе загинале а уште 30 се повредени, повеќето деца, кога полицаец во неделата се залетал во Велигденската процесија во Гомбе на сеероистокот од Нигерија, по што верници го убиле, рекче очевидци и полициски извори за локалниот весник Nation.

Полицаецот кој не бил на должнсота ја покосил поворката од деца кои дефилирале во Велигденската процесија во неделата вечерта во Гомбе, рекла портпаролката на локалната полицијата.

Единесет лица ги загубиле животите во оваа трагедија, меѓу кои и полицаецот кој го возел автомобилот и еден паравојник кој бил со него. Двајцата мажи ги нападнала и линчувала огорчената толпа, појаснила портпаролката на полицијата и додала дека 30-те повредени деца се хоспитализирани.

Според неа, по расправвијата бидејќи поворката го попречила сообраќајот, возачот прво ја пропуштил а потао свртел и намерно се залетал меѓу учесниците во процесијата.