Полицаец во Тетово пукал во свој колега

Полицаец од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово, денеска околу 10 часот пукал во свој колега. Повредениот полицаец веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош па во сериозна здравствена состојба е префрлен на скопските клиники.

Во моментов трае увид од јавен обвинител и екипа на СВР Тетово кои утврдуваат како и зошто дошло до пукањето.