Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд бара ново судење, aдвокатот тврди дека не е праведно

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, осуден поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој предизвика масовни протести против расизмот, во вторникот бараше ново судење.

Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон тврди дека судењето не било праведно и дека преесудата не е во склоп со законот, пренесува Ројтерс.

Шовин на 20 Април, по три недели судење е прогласен за виновен по сите три точки на тужби, вклучувајќи ја и онаа за убиство.

Флој почина бидејки Шовин со колено му го притискаше вратот подолго од девет минути.