4.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Полицаецот обвинет за убиството на Џорџ Флојд е ослободен со кауција, 750.000 долари собрани онлајн

Томас Лејн, еден од четворицата полицајци од Минеаполис, вклучени во смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, е ослободен од притвор, откако за него била платена кауција.

Адвокатот на 37-годишниот поранешен полицаец, Ерл Греј ,потврди дека на Лејн му била исплатена кауција од 750.000 долари и дека станува збор за условна кауција, значи од Лејн ќе се бара да исполни одредени услови за да не биде повторно приведен.

Локалниот весник Стар Трибјун пишува дека парите најмногу се собирале преку интернет преку донации на „Пејпал“, односно плаќања на веб-страница отворена за да се соберат средства за негово ослободување од притвор. Во описот на таа страница се наведува дека „кауцијата на Лејн е неправедно висока и дека тој сторил сé што можел за да го спаси животот на Флојд“.

Меѓу другото, тој активно ќе биде следен, нема да му биде дозволено да носи оружје или да бидат вработен во полицијата. Безусловната кауција за негово ослободување од притвор изнесувала 1 милион долари.

Лејн е ослободена од притворот во Хенепин вчера околу 17 часот, неговиот адвокат потврди за АБЦ Њуз, одбивајќи понатамошен коментар. Лејн сега е во неговата куќа со сопругата, а неговиот адвокат одби да каже дали Лејн се плаши за неговиот живот со оглед на протестите низ целата земја.

Познато е дека Лејн е еден од тројцата поранешни полицајци во Минеаполис, обвинети за помагање на Дерек Шовин во убиството на Џорџ Флојд.

Сите четворица беа отпуштени од полицијата по убиството на Флојд, Шовин е обвинет за убиство од втор и трет степен, додека Лејн, Куенга и Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиството. На Шовин му е изречена кауција од 1,25 милиони долари, а на Куенг и Таоу 750 000 долари, како и на Лејн.

Следното рочиште за Лејн е закажано за 29 јуни, а неговиот адвокат, Ерл Греј, претходно изјави на „Стар трибјун“ дека неговиот клиент планира да поднесе жалба за да ги отфрли сите обвиненија против него.