9.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Полицаецот што го уби момчето во Албанија доби мерка притвор, побара прошка од семејството

Припадникот на специјалната полициска единица „Шќипоња“ кој пукаше врз 25- годишниот Клодај Раша, чие убиство предзвика голем револт во албанската јавност и два последователни насилни протести во Тирана и друг градови во земјата,денеска се појави пред Основниот суд во Тирана.

Во судската сала полицаецот Невалдо Хајдарај(31) влезе потиштен,со наведната глава, со влошена психолошка состојба.

-Убив човек. Немам никакво право да барам заштита.Одредете било каква мерка. Би сакал тука да беше и семејството на Клодјан за да можев да побарам прошка од нив,рекол тој низ плач.

По барање на обвинтелот одредена му е мерка притвор под обвинение „убиство со пречекорвање на границата за заштита“, за кое се предвдува затвроска казна до седум години.

До денес сеуште нема извештај од експертиза за оружјето, во телото на убиеното момче бил пронајден само еден куршум, на местото на настанот е поронајдена уште една чаура на покривот на трговски објект а експерзата треба да потврди од кое оружје е испукан куршумот.

Трагичниот настан,се случил во еден часот по полноќ на девети овој месец во близина на домот на момчето,кое според изјавата на мајка му излегло да купи цигари.

Наводно момчето не застанало на повикот на полицајците,почнало да бега и се обидело од појасот да извади некаков предмет, за кој полицајаците сметале дека е пиштол.

Вториот полицаец,како што дознаваат дел од медумите, во изјавата наведува дека имало туркање меѓу полицаецот и момчето кое му се заканило на полцаецот со зборовите „ќе те убјам“ при што полцаецот бил соборен на земја по што пукал во правец на долните есктремитети со цел да го заплаши. Момчето паднало погодено од куршум, била повика брза помош,но за жал кусо по пристигнувањето во болница починало.

Министерот за внатрешни работи,Сандер Лешај,од морални причини, синоќа поднесе оставка а премиерот Еди Рама во текот на денов се очекува да го соопшти името на неговиот заменик.