Три куршума се испукани во насока на возило за кое се сомнева дека било управувано од две лица кои се бараат со потерница. Од МВР велат дека осомничените со нивното возило се упатени кон полицајците кои пак чувствувајќи се загрозени пукале кон осомничените.
Но, жителите на Арачиново, очевидци велат дека припадници на единицата Алфи се симнале од возилото и без предупредување пукале кон возилото на осомничените. Револтирани поради пукањето во населено место, жителите на Арачиново го блокираа главниот пат. Тие бараат од МВР да го објаснат наведениот случај и апелираат вакво нешто да се повтори во иднина. Според очевидците, осомничените не пукале кон полицајците. Алсат M неофицијално дознава дека осомничените се уште се во бегство.
„Оденаш излегоа, ниту кажаа кои се, што се, над моето возило, потоа семејство легна на земја и извикаа ‘Не убија!’. Не знаев кои се тие, дали се полицајци или нешто друго, одеднаш испукаа, ништо не зборуваа, дирекно пукаа во возилото и јас избегав нагоре бидејќи бев со семејството и друго не видов ништо, тоа е сѐ.“, вели еден од очевидците за Алсат М.
Жителите на Арачиново во прилогот велат дека немаат против тоа да функционира законот, но дека сакаат законот да го доживеат „како сите останати во државата, како за сите заедници, и за нас нека биде истиот закон“.
„Зарем немаат друго место каде да пукаат, туку пред куќата, со деца, со семејство, еве и самите гледате каде се прозорците. А и еве каде продавам лубеница. Се уплашија и децата и сите други“, се пожалија жителите.