Полицајци пукале во маж во берлинската катедрала

Германските полицајците во неделата ја опколија катедралата во Берлин откако полицаец во неа застрелал маж, пренесуваат агенциите.

Според изјавите на очевидците полицајци со автоматски пушки се во зоната околу катедралата којашто е блокирана.

„Во катедралата е стрелано. Во 16 часот полицијата интервенираше поради лице кое предизвикало проблеми, а полицаец притоа употребил огнено оружје“, изјавила за Reuters портпаролката на берлинската полиција.

Според локалните медиуми пренесуваат дека мажот е ранет во ногата. Околностите на инцидентот засега не се познати, а локални медиуми се наведуваат дека веројатно не е поврзан со тероризмот.

Берлинскиот соборен храм се наоѓа во центарот на Берлин, на историскиот Остров на музеите. Оваа катедрала е најголемата евангелистичка црква во Германија, била изградена во периодот меѓу 1894 до 1905 година како црква на дворот на владејачката династија Хохенцолерн.

 

 

blockquote class=”twitter-tweet” data-lang=”en”>

#BREAKING Armed police have cordoned off Berlin Cathedral after an officer reportedly shot a man at the building (BBC) pic.twitter.com/oQbRWhxO4d

— News This Second (@NewsThisSecond) June 3, 2018