Полицајците во Полска со денови не забележале починат човек покрај својата станица

Безживотно тело на еден Полјак кој пијан паднал на улица и не преживеал преголемо количество алкохол и силен студ, со денови лежел незабелижетлно недалеку од полициската станица во местото Ченстохова, на југо-западот на Полска.

Лекарите со обдукцијата утврдиле дека Полјак починал како резултат од труење со алкохол.

Скандал е што полицајците кои влегуваат и излегуваат во станицата со денови не забележале мртов човек, иако по градовите ширум Полска секоја зима проаѓаат и специјални зимски патроли кои бараат бездомници и луѓе за кои мразот може да биде фатален, откри полската телевизија ТВН24.

Секоја зима во просек во Полска од смрзнување умираат околу 190 лица, главно бездомници. Но полицијата предупредува дека честопати, жртви се и постари граѓани за кои можат по снег или на лизгавите тротоари да завршат со обично купување и излегување на прошетки.Од почетокот на годината 43 лица починале од студ.