Полицец нападнат од гневен возач

Возач од гостиварско нападна полицаец бидејќи би сопрен поради сторен сообраќајен прекршок.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера возач прво вербално, а потоа и физички нападнал полицаец кој го сопрел бидејќи направил сообраќаен прекршок.

На магистралниот пат Кичево-Гостивар полицијата сопрела автомобил кој го управувал 46-годишниот Ф.А. од село Лакавица.

Откако од страна на полициските службеници  му било кажано зошто е сопрен, истиот почнал да ги навредува упатувајќи им разни погрдни зборови, а во еден момент излегол од возилото и неколку пати го удрил полицискиот службеник.

По целосно расчистување на случајот против Ф.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.