Полицијата фатила 10 лица, се групирале во стан во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава В.Ѓ.(23), К.Ѓ.(28), И.С.(30), М.Ѓ.(24), М.Р.(29), Н.Ѓ.(24), Ј.Н.(24), И.Д.(23), А.Г.(29) и Ј.М.(23), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Пријавените, на 08.01.2021 се групирале во стан сопственост на првопријавениот на ул.„Пиринска Македонија“ и биле затекнати од полициски службеници.

На тој начин постапиле спротивно на препораките од Владата и не ги почитувале мерките за спречување на ширење на Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.