Полицијата фатила двајца прилепчани во кражба

68

Двајца прилепчани се уапсени откако биле затекнати како крадат.

 -Вчера во 16.20 часот на ул.„К. Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.Џ.(35) и Е.Џ.(34), и двајцата од Прилеп, кои биле затекнати по извршување на кривично дело „кражба“ и кај нив биле пронајдени метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од  стореното од кривично дело, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.