Полицијата ги блокира сите приоди по пријава за бомба во центарот на Скопје

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Зсега нема официјални информации што точно се случува. Според  непотврдени информации, станува збор за дојава за подметнат експлозив.

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.

„Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации“, наведуваат од МВР.

Според одредени медиуми, дојавата била дека во МНТ е поставен експлозив.