Полицијата го приведе командирот на ПО Ропотово кој пукаше на свадба

Приведен e командирот на ПО Ропотово поради сомнение за предизвикување општа опасност. Полицајци од ОВР Прилеп го уапсија и тој е задржан. Е.Р. (30) од селото Дебреште, командир на ПО Ропотово, е уапсен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19 август на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје.

ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.