Полицијата и демонстрантите се судрија поради рушењето на албанскиот Национален театар во Тирана

Албанската полиција се судри со активстите и опозиските приврзаници кои долго време протестираа против уривањето на зградата на Националниот театар во Тирана.

Државните тела за дивоградби вчера вечерта со булдожери ги срушија зградите на театарот во Тирана, откако полицијата ги упадна на местото и ги уапси граѓаните кои протестираа.

На одлуката за уривање, со месеци се спротивставуваа активистите и уметниците кои бараа реновација на зградата изградена за време на Втората светска војна.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, истакна дека оние кои се спротивставуваат на планот за изградба на нов театар „не го сакаат развојот“.

По уривањето на зградата, полицијата се судрила со неколку стотици граѓани, а голем број од демонстрантите биле уапсени откако полицајците биле удрени со шишиња за вода. Меѓу уапсените бил и новинарот Алфред Лела.

Во меѓувреме, претседателот на Албанија, Илир Мета, го нарекол рушењето на театарот од страна на Владата „морален криминал кој не може да се амнестира“, и го искритикувал насилството врз уметниците и новинарите од страна на полицијата.

Пред три дена, Општинскиот совет на Тирана донел одлука за рушење на театарот, но ваквите решенија на Советот стапиле на сила само 10 дена по донесување на одлуката, со што правната издржаност на рушењето е под знак прашалник.

Сè уште не е јасна причината поради која премиерот Еди Рама, кој стоел зад оригиналниот план да го демолира стариот театар и да изгради нов, решил да ја оствари својата замисла за време на здравствената криза.

Битката за Националниот театар изграден за време на германската окупација траела две години.

Претходниот план на Рама за градење на понов и помал театар на истата локација преку тендери и отстапување на земјиштето на приватниот партнер пропаднал пред неколку месеци, со што била прогласена победа од страна на оние кои ја бранеле старата градба.

Денешните судири следеле откако во петокот опозиските политичари и активисти ветија дека ќе ги запрат Општина Тирана и Владата во рушењето на историскиот Национален театар.