Полицијата им ги запленила возилото – ги фатила како фрлаат ѓубре од истото

Две лица кои патувале низ Романија со „Volkswagen Golf“ одлучиле да одморат покрај патот и да ја исчистат внатрешноста на своето возило. За жал, нивните планови вклучувале и фрлање отпад покрај коловозот.

Освен камерите кои се посебно поставени за следење на возачите кои би можеле да се одлучат да фрлат ѓубре на одмориштето, во тој момент наишла и полицијата, па прекршителите биле фатени на дело, пишува „Revijahak“.

Како што се наведува, на снимките кои ќе послужат како доказен материјал, се гледа жена како ги става отпадоците во пластична ќеса, а потоа ја фрла во тревата покрај патот. Полициските службеници виделе што се случило и веднаш запреле.

Одлучиле да го применат законот – покрај 1100 евра казна, полицајците го заплениле и нивниот автомобил. Покрај тоа, локалната агенција за заштита на околината му изрекла казна на возачот од 1000 евра.

Органите на Европската унија и националните регулатори од земјите-членки усвоија остри казни за оние кои не ги почитуваат правилата кога станува збор за одложување на отпадот.

Локалните власти објасниле дека овој „Volkswagen Golf“ е четврто возило запленето од сопствениците кои фрлале ѓубре и кои биле фатени на дело. Возачот засега не може да го преземе својот автомобил, а ќе треба да докаже и дека не го прекршил законот, но откако ќе ја плати казната.