Полицијата кај напаѓачката во училиштето во Нешвил пронашла планови за други напади

Полицијата кај жената која го изведе нападот во училиштето во Нешвил и притоа уби шест лица, пронашла бележник во кој било нотирано дека таа планирала и напади на други локации, соопшти американската полиција.
Во пронајдениот „манифест“ се наведувало дека „ќе има убиства на неколку локации и училиштето е едно од нив“, изјави шефот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк за американската телевизија.
Во приватното христијанско основно училиште во американскиот град Нешвил вчера беа убиени три деца и тројца возрасни.
Напаѓач беше младата трансродова жена Одри Елизабет Хол (28) која беше пронајдена мртва по вооружена пресметка со полицијата.