Полицијата најде марихуана, кривична пријава за кочанчанец

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 09.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.