Полицијата почна да апси демонтранти пред Собранието

Полицијата почна да апси демонстранти на вечерашниот протест против францускиот предлог пред Собранието, откако ескалираше револтот кај дел од толпата кои фрлаа со секакви предмети, петарди и чадни бомби кон кордонот специјалци.

Дел од медиумите објавија дека има повредени полицајци во судирите со демонстрантите, кои ја пробија заштитната ограда од Собранието, каде дојде и возило на Брзата помош.

Полицијата ги истурка демонстрантите од пред зградата на Собранието и ги потера кон Жена парк, при што голем број граѓани почнаа да бегаат.

Во меѓувреме, се зголемува бројот на полициските сили, а некои од нив имаат и  кучиња.

Засега има најмалку тројца повредени полицијци, потврдија од МВР за МКД. Од МВР изјавиле дека е фрлано со молотови коктели, камења, шишиња, петарди врз полицискиот кордон пред влезот на Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.