Полицијата поднесе кривична пријава против напаѓачот на Бислимовски

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот со нападот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски и против напаѓачот поднесена е кривична пријава.

-Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, велат од МВР.