Полицијата приведе три лица во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, на 29.10.2019 околу 12.30 часот на ул.„Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар ги лишиле од слобода С.Р.(56) од Скопје и А.М.(40) и Х.А.(68), двајцата од Приштина, Република Косово, кои во периодот од 10 до 12 часот, на гостиварскиот голем пазар извршиле џепни кражби на М.М.(68) од гостиварското село Форино и Б.Ш.(70) од гостиварско Дебреше. Тројцата кои се сомничат за десетина извршени кражби на паричници на гостиварското подрачје се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.